Денес на плоштадот “Магнолија“ во Битола воениот оркестар од Армијата на Република Македонија и воениот оркестар од Вермонт, САД изведоа едночасовен концерт.
Концертот во Битола беше дел од предвидените активности во пресрет на вежбата „Immediate Response 25“.
Домаќин на двата воени оркестри, во име на Општина Битола беша заменик градоначалникот на Битола – Бојан Бојковски.
Битолчани на “Магнолија“ имаа можност да проследат повеќе популарни џез нумери,
македонски шлагери и фолк мелодии, со кои ќе се претстави сојузништвото и кои се
испрати пораки за пријателство и мир.
Воените оркестри на двете сојузнички армии, како дел од армиската соработка, веќе традиционално пред почетокот на поголемите вежбовни активности одржуваат заеднички концерти.
Реализацијата на заедничките концерти со оркестрите од сојузничките НАТО армии дополнително ги зајакнува врските помеѓу сојузниците, како и цивилно-воената
соработка.
Фото: Сашо Ристевски






