Press "Enter" to skip to content

Во Битола облачно, температурата до 27 степени

Денес, сабота, 24 мај во Битола според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи времето ќе биде облачно. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Максималната температура во Битола до 27 степени.

Утре, недела, 25 мај во Битола времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд, проследени со грмежи и засилен ветер. Максималната температура во Битола до 22 степени.

More from ВестиMore posts in Вести »