Синоќа, со доделувањето на наградите и изведбата на претставата “Куфермк“, официјално беше затворено 26. издание на Интернационалниот фестивал на монодрама – Битола 2025.Под слоганот „Еден збор – еден свет“, фестивалот и оваа година го потврди својот статус како еден од најзначајните културни настани во регионот, со учество на истакнати уметници од Македонија и од светот.
Во текот на петте фестивалски дена, публиката имаше можност да проследи 10 монодрамски остварувања, а меѓународното жири, составено од Рисима Рисимкин (Македонија), Емре Ердем (Турција) и Лаша Чхартишвили (Грузија).
Гран при на фестивалот жирито и ја додели на “Лирско вилинско коњче“, театар МикрОпера – Сарагоса, Шпанија.
Наградата за најдобар актер: Роналд Ранд, САД, за претставата „Нека биде уметност!“, а за најдобра режија Невена Митева, Бугарија, за претставата „Декамерон“.
Дополнително, публиката ја додели својата награда на претставата „Декамерон“ во изведба на Ана Петрова, Државен куклен театар – Сливен, Бугарија.
Наградата ја додели градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, кој упати благодарност до организаторите на фестивалот на монодрамата, Центарот за култура Битола, кој нагласи дека изминатите 7 дена, по 26 пат, имавме прилика да бидеме дел со еден од најтешките драмски видови, како што го нарекувате вие актерите – монодрамата, а повторно имаме чест да уживаме во Битола, благодарам до сите нови стекнати пријатели од сите земји учеснички на фестивалот.
На свеченото затворање, директорот Влатко Илиевски упати благодарност до сите учесници, институции, спонзори, публика и особено до тимот на Центарот за култура – Битола, без чија посветеност фестивалот не би бил можен.
-Горд сум и благодарен што повторно заедно создадовме уметност, ја прослвивме моќта на индивидуалниот израз и го потврдивме значењето на театарот како простор за дијалог, рефлексија и вистина. Со желба за нови средби, нови приказни и уште повпечатлици изведни, го прогласувам за затворен 26-от Интернационален фестивал на монодрама во Битола, истакна директорот на Центарот за култура, Влатко Илиевски.
Специјално признание и плакета за особен придонес во развојот на фестивалот и беше врачена на Љупка Коларова Пајевиќ, основач и долгогодишен организатор.
Свеченото отворање на 26-тиот Интернационален фестивал на монодрама – Битола беше со уметничка изведб на „Д (како Дездемона)“ – современ танц во кореографија и режија на Рисима Рисимкин, а затворањето е со монодрамата „Куфер.мк“ на актерката Соња Михајлова.
Фото: Дамијана Ристевска