Press "Enter" to skip to content

Кружниот напаѓач Самоил Ристевски ја заврши сезоната, ја скрши ногата во Скопје

Последен во низата на повреди кај Еурофарм Пелистер од Битола е Самоил Ристевски, кој на данешното полуфинале на “Ф4“ турнирот за младински шампион на Македонија заработи скршеница на ногата и по извршениот оперативен зафат ќе отсуствува од ракометните терени.

Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер објави дека кружниот напаѓач Самоил Ристевски ја заврши сезоната.

Клубот објави дека веднаш е извршен оперативен зафат, сезоната за него е завршена, но според нив ќе паузира 5-5 месеци.

Ова се лоши вести и за селекторот на младинците, Раде Стојановиќ, кој нема да смета на Ристевски за настапот на Мундијалот во Полска.