На Креативен ден 2025, СОУ “Димитар Мирасчиев“- Штип ќе учествува со два тима. Учесниците од првиот тим се моден креатор, професор Лидија Ѓорѓиева, ученик-Лидија Петровска креираат за Дама, Модел – Бети Пеева.За своето учество на „Креативен ден – 2025“ изјавија:
-На овогодинешниот Креативен ден, учествуваме со ентузијазам, а со огромно задоволство работиме, за да се претставиме во најдобро светло. Чест ми е што по втор пат ќе учествувам на настанот со преголема енергија, раскош и можам да кажам со ненадминлива организација.Професорката Лидија Ѓорѓиева која е моден креатор на креацијата ни кажа:
-Чест ми е што по втор пат ќе учествувам на настанот со преголема енергија, раскош и можам да кажам со ненадминлива организација. За нашата креација, еве неколку зборови, креација што не настанува сама. Ние сме еден тим, создаден од јас – дизајнер, ученик – инспирација, и модел – приказна што се движи.Секој дизајн го претставува судирот меѓу минатото и сегашноста – златна нишка од традиција, вплетена во модерен крој. Не се плашиме од боја, од симбол, од стил. Се осмеливме да пробаме, да истражиме, да создадеме нешто наше. Ова не е само модел. Ова е наш глас. Наш пат. Наш стил. Очекувајте чекори со став, изгледи што инспирираат, и тим што покажува што значи вистинска соработка. Заедно сме тим што создава стил. Заедно создадовме ориент – моден, слободен, наш.