Антониа Стојковски, една од нашите најперспективни одбојкарки на женскиот одбојкарски клуб Пелистер Волеј од Битола која се стекна со тешка повреда на почетокот од вториот дел на сезоната, во болницата “Систина“ успешно го оперираше коленото.
-Антониа Стојковски е една од најзаслужните која во првиот дел од сезоната кога клубот мака мачеше со голем број повредени играчи со својот огромен придонес го одведе Пелистер Волеј на врвот. И посакуваме брзо закрепнување и со нетрпение ја чекаме назад да го облечи зелено белиот дрес, соопштија од клубот.