Денес, понеделник, 26 мај, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Температурата во Битола до 21 степен.
Утре, вторник, 27 мај, во Битола времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата во Битола до 21 степен.






