Press "Enter" to skip to content

Известување на БВ Инженеринг ДООЕЛ: Завршенa е санацијата на “Бурса“ со висококвалитетен асфалт, но вандали го оштетија

Почитувани граѓани,

БВ Инженеринг ДООЕЛ, како изведувач на санационите работи на ул. „Бурса“, ве информира за следното:-Завршенa е санацијата на коловозот со вградување на висококвалитетен асфалт СМА 16 ПМБ – асфалт кој се користи за високо оптоварени коловози и автопати, чија технологија на изведба бара минимум 24-часовна заштита од оптоварување на коловозот, за да се постигне предвидениот степен на трајност и носивост.За таа цел на терен беа поставени индустриски вреќи со тежина од 1 тон со песок и висока метална ограда за привремено затворање на коловозот.

За жал, и покрај известувањето за времен режим и поставувањето на заштитни бариери од проток на возила, во текот на ноќта извршено е вандализирање на поставената заштита.Преземени се следниве мерки:

1. Веднаш по констатирањето на состојбата, со писмено известување за настанот известени се Општина Битола, надзорот на проектот и СВР Битола

2. Изведувачот повторно ја воспостави заштитната ограда и постави дополнителни предупредувачки ознаки.Апел до граѓаните :

-Со заедничко почитување на мерките придонесуваме за трајноста на инвестицијата и безбедноста на сите учесници во сообраќајот. Ја цениме Вашата поддршка и разбирање. За сите идни чекори и можни промени во режимот на сообраќај навремено ќе бидете информирани.

Со почит, БВ Инженеринг ДООЕЛ

More from ВестиMore posts in Вести »