Во во спортската сала на ОУ „Климент Охридски“ во Битола се одржа уште една топла и емотивна средба на поранешните кошаркарки на ЖКК Пелистер. Овој неформален, но значаен настан ги собра жените кои во периодот 1998–2004 година го одбележаа златното време на битолската женска кошарка.
На теренот повторно застанаа: Ирена Здравкова, Јасмина Кочовска, Гордана Треневска, Маја Атанасовска, Јулијана Ѓоргиевска, Гордана Атанасовска, Елена Тодоровска, Надица Галовска и Наташа Стојановска. Присутни беа и други познати имиња од постарата генерација на клубот, меѓу кои: Наташа Кајгана, Лилјана Митревска и Тинка Богдановска.
Со насмевки и ентузијазам се потсетија на времето кога ЖКК Пелистер беше меѓу водечките екипи во македонската женска кошарка.
Натпреварот беше ревијален, исполнет со смеење, сеќавања и неизбежни спортски моменти кои не се забораваат. Средбата беше уште една потврда дека вистинското другарство и спортската врска остануваат живи без оглед на годините.
Плановите се оваа традиција да продолжи и во иднина, за новите генерации да видат дека кошарката никогаш не престанува да биде дел од срцето.