Министерството за спорт донесе одлука да ги награди ракометарите на Еурофарм Пелистер од Битола од младинската екипа, со парична награда од 1,5 милиони денари за пласманот на завршниот турнир на Лигата на шампионите во Келн, Германија.
Еурофарм Пелистер го освои првото место на турнирот во Букурешт пред неполни два месеци и ќе се бори за европската титула со ГОГ Гудме, Барселона и Веспрем.
Во полуфиналето на 14 јуни во 9 часот во Дормаген, Еурофарм Пелистер ќе се сретне со ГОГ Гудме.
Клубот се заблагодари на наградата и ветува дека достојно ќе ја претставува Битола и Македонија на „фајнал-фор“ турнирот следниот месец,