Правниот факултет при Универзитетот “Св. Климент Охридски“ Битола се одржа свечена промоција и доделување на дипломите на дипломираните и магистрираните студенти од претходната академска година.
На свеченоста свое обраќање имаа Проректорот за наука на УКЛО, проф. д-р Горан Илиќ и Деканката на Правниот факултет, проф. д-р Светлана Вељановска.
И двајцата ги потенцираа можностите кои ги нуди факултетот за нашите студенти и на дипломираните и магистрираните им го честитаа достигнувањето на одреден степен на образование.
На настанот беа промовирани 37 дипломирани правници и 27 магистри на правни науки.