Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: тројца уапсени со разни дроги – кокаин, екстази…, физички нападната жена, фатен битолчанец баран со потерница

На 28.05.2025 во 13.20 часот во Битола полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода 24 годишник од с.Белче, Демир Хисар, со престој во Битола. При извршен претрес во неговиот дом во Битола, по добиена судска наредба, биле пронајдени  13 паковки со кокаин, 143 таблети екстази, марихуана, дробилки и предмети со траги од растителна и прашкаста материја. Во домот затекнати биле и две лица од Битола на возраст од 24 и 34 години, кои исто така се лишени од слобода.

На 29.05.2025 во 01.40 часот во СВР  Битола Д.Б. (30) од Битола пријави дека била физички нападната од М.М. (35) од Битола, по што се здобила со повреди. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 28.05.2025 во 10.00 часот на ул. „Коста Абрашевиќ“ во Битола полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода 42 од Битола. Тој бил баран со потерница за издржување на казна затвор во траење од пет години за извршени кривични дела по член 215 од КЗ. Лицето е спроведено во Казнено- поправниот дом  „Затвор Прилеп“.

 

More from ВестиMore posts in Вести »