Press "Enter" to skip to content

“Талентите за УКЛО – УКЛО за талентите“ за афирмацијата на надарените и талентираните ученици и студенти

Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола и Педагошки факултет – Битола утре го организираат настанот насловен “Талентите за УКЛО-УКЛО за талентите“, посветен на афирмацијата на надарените и талентираните ученици и студенти.

Поздравен говор на ректорот на УКЛО проф. д-р Игор Неделковски, а ќе следува поздравно обраќање на претставник на Министерството за образование и наука.

Ќе биде промовуран и прирачникот „МАГИЧНИОТ СВЕТ НА ДЕТСКАТА КРЕАТИВНОСТ” од авторите Академик Лупчо Кеверески и м-р Марина Џепароска. Промотори ќе бидат Академик Грозданка Гоков и проф. д-р Виолета Арнаудова.

Промовиран ќе биде и прирачникот „ТАЛЕНТИТЕ НА ДЕЛО” „МИСЛОВНИ КОГНИТИВНИ МАПИ” Автор/и: Академик Лупчо Кеверески и студентите…, а промотори се Академик Грозданка Горков и Проф. д-р Ранко Раовиќ.

Утре ќе биде и промоцијата на иницијативата „ДЕНОТ НА ТАЛЕНТИТЕ НА УКЛО“, по што ќе се одржи  панел дискусија „НАДАРЕНОСТА ВО СОВРЕМЕНОТО ОБРАЗОВАНИЕ“ со учество на експерти, професори и практичари, а ќе се вклучат и претставници од предучилишните, основните, средните високошколските установи и други здруженија.