Press "Enter" to skip to content

Проф. д-р Владимир Мартиновски на мултимедијалната средба во Битола

Француското конзуларно претставништво и Француската алијанса од Битола, во соработка со EU Hоuse, беа организатори на мултимедијалната средба со професорот Владимир Мартиновски, која се одржа во Офицерскиот дом. На настанот присуствуваше и градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски.На оваа средба со македонскиот реномиран поет, есеист, прозаист, книжевен преведувач, врвен познавач на француската книжевност, професор и актуелен декан на Филолошкиот факултет при Универзитетот “Св.Кирил и Методиј “, публиката имаше можност да бидат дел од  едно инспиративно патување низ француската книжевност, француската поезија, музика и уметност.За значењето на оваа мултимедијална средба, свое обраќање пред присутните имаше почесната конзулка на Франција во Битола, Калиопа Кривашија Стилиновиќ.

More from ВестиMore posts in Вести »