Француското конзуларно претставништво и Француската алијанса од Битола, во соработка со EU Hоuse, беа организатори на мултимедијалната средба со професорот Владимир Мартиновски, која се одржа во Офицерскиот дом. На настанот присуствуваше и градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски.
На оваа средба со македонскиот реномиран поет, есеист, прозаист, книжевен преведувач, врвен познавач на француската книжевност, професор и актуелен декан на Филолошкиот факултет при Универзитетот “Св.Кирил и Методиј “, публиката имаше можност да бидат дел од едно инспиративно патување низ француската книжевност, француската поезија, музика и уметност.
За значењето на оваа мултимедијална средба, свое обраќање пред присутните имаше почесната конзулка на Франција во Битола, Калиопа Кривашија Стилиновиќ.

Проф. д-р Владимир Мартиновски на мултимедијалната средба во Битола
More from ВестиMore posts in Вести »
- СВР Битола: физички напад, нападната жена во канцеларија за кредитирање
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 12 степени
- Се уредуваат добро познатите излетнички места на Пелистер и поставуваат нови инфо-табли
- „Женски Земјотрес“ во Битола ја отвора сцената за гласовите што не смеат да исчезнат
- СВР Битола: во училишен двор 11 годишно дете нападнато со остар предмет




