Press "Enter" to skip to content

“Вичо во Пламен“: Книга-сведоштво за заборавените гласови од Егејска Македонија (фото)

-Промоција на делото на Томе Поповски во Офицерскиот дом во Битола кој рече: Нашата историја не е само во книгите – таа живее во нашите срца, во нашите лузни.

-Поповски  битолчани го познаваат како наставник по физика во ОУ “Тодор Ангелевски“ во Битола, од првото вработување во 1961 година па се до пензијата во 1998 година.

Во присуство на бројна публика, љубители на книгата, историчари и потомци на бегалски семејства, денес напладне во Офицерскиот дом во Битола беше промовирана третата книга на авторот Томе Поповски, насловена „Вичо во Пламен“.Ова полубиографско дело носи силно лично и историско сведоштво за судбината на децата бегалци од Егејска Македонија по Втората светска војна, како и за една необична и трагична случка – удар на гром во ведро небо во 1949 година.

Самиот автор, денес на 93-годишна возраст, бил сведок и учесник во тие настани. Претходно, во декември 2022 година ја објави книгата “Бела ноќ, црн ден – Воден“. Книгата обединува мемоаристика, географија, етнографија и политичко размислување, напишана со јазик богат со емоции, но и фактографија која ретко се наоѓа во официјалните архиви. Таа претставува обид да се зачува гласот на една генерација што заминува, но која со себе носи живо знаење за македонскиот идентитет, култура и борба.

-Нашата историја не е само во книгите – таа живее во нашите срца, во нашите лузни, истакна авторот во своето обраќање пред присутните, со многу емоции и со пренесување на многу знаење кое го има со себе.Настанот беше непрофитен и со едукативна цел, насочен кон подигање на јавната свест за значењето на личните наративи во зачувувањето на колективната меморија.Присутни беа медиуми, културни работници, млади истражувачи, ученици, професори, и потомци на раселените Македонци од Егејскиот дел – кои заеднички испратија порака дека сведоштвата за вистината не смеат да замолкнат.Томе Поповски е роден во село Луковец, село во околината на Воден.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »