На 31.05.2025 во 02.30 часот, во СВР Битола Г. Т.(42) од Битола пријавил дека на ул. „Тошо Даскало” во Битола неговото малолетно дете било физички нападнато од 42 годишник од Битола. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
На 31.05.2025 во 00.30 часот, во СВР Битола Џ.Ј. (37) од Битола пријавил дека неговиот малолетен син бил физички нападнат од соседот на возраст од 39 години. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
На 30.05.2025 во 21.45 часот, на ул. „Козјак ” во Битола од страна на полициски службеници од СВР Битола, бил лишен од слобода 25 годишник од Битола бидејќи при преглед кај истиот била пронајдена марихуана. По документирање на настанот против истиот ќе следува соодветна пријава.
На 31.05.2025 во 00.15 часот, при вршење на патролна служба од страна на полициски службеници од полициска станица за граница и надзор Старавина во близина на угостителски објект во с.Лагово, прилепско при извршен преглед на патничко возило „фолсваген пасат” со битолски регистарски ознаки управуван од 28 годишник и совозач на возраст од 34 години двајцата од Битола, при што пронајдени било стаклено шишенце со течност и во багажникот од возилото шприц и една игла. Лицата се лишени од слобода и по документирање на настанот против истите ќе следува соодветна пријава.






