Општинскиот совет за превенција од детско престапништво ОСПДПБ во соработка со „Сложувалка срце“ денес го одбележаа 1 ви јуни Меѓународниот ден на детето на интересен начин со “Пикник за дружење, соработка и емпатија“.На “Пикник за дружење, соработка и емпатија“ преку игра, песна, танц децата се дружеа, пееја, танцуваа. Се засладуваа со овошје, крофни… и се радуваа на миговите во прекрасниот ден во Градскиот парк, на начин на кој само децата тоа го прават.
А денешниот прекрасен мајски ден во пресрет на 1-ви јуни беше создаден за пикник во паркот. Голем број на ученици, наставници и родители беа присутни на пикникот кој како што ни кажаа органзаторите ќе премине во традиција, да се одбележува Меѓународниот ден на детето на правилен начин.
Покрај дружење и игра учениците од основните училишта “Св. Кирил и Методиј“, “Коле Канински“ и ресурсен центар “Кочо Рацин“ од Битола со своите ментори подготвија и мала
приредба пред присутните родители.Претседавачот на ОСПДПБ Жанета Ристевска изјави:
-Со овој завршен настан ги заокружуваме нашите активности во периодот од февруари – јуни предвидени со Програмата на ОСПДПБ за 2025 година. Настанот е поддржан од Општина
Битола. За време на летниот период имаме заслужен одмор и потоа продолжуваме со нашите активносгти од септември. Со „Пикникот за дружење и соработка“ ние сакаме на еден неформален начин да се дружат ученици од различни училипта, но и возраст. Сите подготвија свој настап. Најпрво се претставија ученичките под име “The queens“ кои учествуваа на “Талент шоу“ од ОУ “Св. Кирил и Методиј“ со танцови точки. Исто така со своја танцова точка се претставија ученици од ОУ ресурсен центар „Кочо Рацин“ и најмалите наши учесници беа првачиња со наставник Лидија Павловска кои си најубаво си поминаа уживајќи во паркот со игра и песна.Лидија Павловска се надоврза:
-Најпрвин сакам да се заблагодарам од името на учениците и родителите на 1-3 одд. при ООУ “Коле Канински“ и од мое лично име до организаторот на овој Настан-Претседавачот на ОСПДПБ и „Сложувалка срце“ што го вклучија моето одделение во денешниот настан . Ваквите воннаставни активности сметам дека треба да се почести бидејки покрај наставата и ИГРАТА е еден од најважните сегменти при формирањето на правилна детска личност. Преку играта децата се дружат, почитуваат правила во играта и си го развиваат својот талент. Како наставник секогаш ги поддржувам и применувам ваквите активности во наставата. Уште еднаш им благодарам на организаторите за поканата во нивните уникатните настани, да продолжат да ги организираат, а ние сме тука да се дружиме и реализираме.Првачињата беа пресреќни и уживаа во играта и во песните кои ги испеаја пред присутните и го збогатија настанот („Ајде Величе“ и „Пролет иде“).
Од Центар за поддршка и помош на деца и лица со попреченост “Сложувалка Срце“ пренесоа силна порака за Меѓународниот ден на детето.
Во пресрет на празнувањето на Меѓународниот ден на детето, им ја честитаме радоста, љубопитноста и насмевките на сите деца ширум светот. Токму овој ден е потсетник дека секое дете заслужува среќно детство, исполнето со љубов, разбирање и заштита. Овој посебен ден е совршена можност да се одбележи со пикник во природа — со вкусни залчиња, шарени овошки, свеж воздух и зеленило кое носи спокој.
Децата на пикникот не само што се забавуваат, туку и учат да ја сакаат природата, да ја чуваат и да се поврзат со неа. Играта на отворено, танцувањето низ тревата и убавината на цвеќињата и пеперутките им помагаат да растат со благодарност за светот кој е создаден и постои за нив.
Нека Меѓународниот ден на детето биде ден кога сите заедно, мали и големи, ќе создадеме незаборавни моменти во природа. Нека радоста, другарството и смеењето одекнуваат под ведрото небо! Центар за поддршка и помош на деца и лица со попреченост “Сложувалка Срце“.