Press "Enter" to skip to content

Најслатките и најмилите, вкупно 950, по трет пат трчаа на “МИНИ Трчај БЕ“ по Шеталиште во Битола (фотогалерија)

-Денес кога на светскиот ден посветен на најмладите, ги славиме нивната енергија, радост и храброст, се одржа и “МИНИ Трчај БЕ 2025“ во Битола  каде секој чекор е порака на љубов, слобода и детска среќа.

-Беше весело и возбудливо на Шеталште во Битола каде 950 деца од различни возраст, најмалите 4 години, трчаа на 3. детска трка “МИНИ Трчај бе“, организирана за најмалите и најмилите кои возбудени, во победнички и натпреварувачки дух, трчаа до целта, но имаше и по некоја солза ако не се победи или ако се падне…, но, и медали за сите.

-Водителскиот пар Марјан Ѓорѓиевски и Никола Пројчевски во свој стил го водеа настанот.Денес, недела, 1  јуни 2025 година, кога се одбележува меѓународниот дел на детето во Градскиот парк во Битола се одржа третата по ред трка за најмалите и најмилите “МИНИ Трчај бе“, каде деца од 4 до 12 години трчаа и ја покажаа својата атлетска моќ.Оваа манифестација има цел да го поттикнува детското трчање, инспирирајќи ги најмладите и промовирајќи здрави животни навики. Забавната програма започна во 10 часот на Градското Шеталиште кај “скејт паркот“.Интересот годинава ги надмина и очекувања на организаторот, а оваа година имаше 950 учесници на трката, а се одржува на градското шеталиштето, најидеалното место за одржување на ваква детска трка. Дечињата се натпреваруваа во 28 категории во машка и женска конкуренција, а 84 најбрзи добија посебни награди, а победници беа сите.Инаку, “МИНИ Трчај бе“ е детска трка посветена на малите шампиони, со цел да ги вовлече во радоста и енергијата на трчањето и спортот. Ова е моментот кога децата го доживеја бодрењето од публиката и се почувствуваат како вистински победници, кога ќе ја преминат целта.Но фокусот не е само на победата, туку негување на љубов кон физичката активност и радоста. Преку оваа трка, децата не само што ја искусија возбудата од трчањето, туку и научија вредни лекции за истрајност, спортски дух и добивање награда.“Мини Трчај Бе“ ја означува новата традиција за детска трка во Битола, која ќе инспирира и ангажира генерации млади тркачи. За крај, децата се родени да трчаат, тие се нашите супер херои, а сега, во Битола, е најголем дел од нив ја трчаа и третата своја трка “МИНИ Трчај бе“ . Некои трчаа по втор пат, а секако најинтесно им беше за оние мали дечиња на кои оваа им беше прва трка.А за крај пораката која организаторите ја испратија до сите:

-ако си мал – трчај,

-ако си голем – навивај,

-ако си од Битола – и трчај, и навивај, и застани да правиш муабет со сите.

Ж. Ристевска

Фото: Дамијана Ристевска

More from БитолаMore posts in Битола »