Press "Enter" to skip to content

Отворен ИТ ден за деца и млади на Јавен Адвертајзинг

Јавен Адвертајзинг Едукација во соработка со Europe House Битола ве покануваат на Отворен ИТ ден за деца и млади на 3-ти јуни 2025 (понеделник) од  14:00 – 16:00 часот во Europe House Битола.

Што ве очекува?

Мини инфо-сесии и интерактивни работилници од најактуелните ИТ области: Виртуелна реалност, Вештачка интелигенција, Програмирање, Роботика и Графички дизајн.

Настанот е наменет за деца и млади кои сакаат да се запознаат со светот на технологијата на креативен и забавен начин! Наставници и родители се исто така добредојдени!

Влез: Слободен

За пријавување и повеќе информации: 078 391 978 / 076 571 914

Да инспирираме идни ИТ креатори – ве очекуваме!