Press "Enter" to skip to content

“Пелистерци“ и Битола и по 20 години без трофеј, Вардар победник во Купот (фотогалерија)

Вардар – Еурофарм Пелистер 31:27 (17:14)

Вечерва во Охрид Вардар 1961 по седумнаесетти пат во клупската историја го освоија Купот на Македонија, откако во финалето го совладаа Еурофарм Пелистер со 31:27, полувреме 17:14) во натпревар во кој беа подобар противник  и во текот на целиот натпревар го имаше под контрола водството.Отворањето на натпреварот во знак на скопјани кој поведоа со 3:1, а потоа преку Еурофарм Пелистер намали на „минус еден“. Вардар “врза“ два гола преку Лазаревски и Хориха за 5:2, а дојдоа до четири разлика преку Срдановиќ и тоа го натера Алонсо на ран тајм-аут. Хориха казни за 7:2 во десеттата минута. Битолчани со двата гола на Радивојевиќ намалија на 7:4 и со два гола на Манасков дојдоа до -1. Скопјани поведоа со три разлика. Откако има -4  “пелистерци“ дојдоа до 15:13, а за крај на полувремето беше 17:14.Вториот дел започна со 19:16 за Вардар, кој дојде и до +5 (21:16). Пелистер со два гола преку Кузмановски и Радивојевиќ дојде до 22:19. Потоа “вардарци“ ја вратија највисоката предност од пет разлика (26:21), а следуваше и незгодната повредата на Абутовиќ. Не искористија битолчани пенал за враќање на „минус три“, а Вардар имаше 28:23. Еурофарм Пелистер намали на 28:25, а потоа остана -3 до 29:26, а со толкава разлика заврши финалето 30:27 за нова титула на Вардар и разочарување на публикат од Битола која дојде во Охрид.Радивојевиќ беше најефикасен играч на натпреварот со осум гола.За најкорисен играч на турнирот беше прогласен десниот бек на Вардар, Томислав Јагуриновски, додека за најдобар голман беше избран Мигел Еспиња.Најдобар стрелец на Ф4 турнирот во Купот на Македонија беше капитенот на Еурофарм Пелистер, Филип Кузмановски со 11 гола.

Фото: Сашо Ристевски и Дамијана Ристевска

More from ВестиMore posts in Вести »