Press "Enter" to skip to content

Битолчани дел од 5. планинарски марш со света Божествена Литургија

-Литургија се отслужи на 1762 метри надморска висина на 5. планинарскиот марш “Горе кај крстовите” над Крушево.Викендов по петти пат се одржа планинарскиот марш во Крушево, до местото викано горе кај “Крстовите”, или поточно на врвот Козјак, каде како и секоја година, и оваа се одржа Света Литургија и причесна, која ја служеше Отец Тони.

Како и секоја измината годинани овој пат битолчани беа дел од маршот и Литургијата.

Маршот традиционално се одржува првата сабота во месец јуни, а традицијата која започна од 2021 година, а секоја година си има и кумови.