Press "Enter" to skip to content

Евротип Онлајн победи во финалето во Купот на ОФС Битола (фото)

Евротип Онлајн – Могила 4:0

Екипата на Евротип Онлајн од Битола победи во финалето во Купот на ОФС Битола против Могила со убедливи 4:0 на натпреварот кој се одигра на градскиот стадион “Петар Милошевски“ во Битола во организација на Општинскиот фудбалски сојуз Битола.По оваа победа значи дека Евротип Онлајн ќе биде битолскиот претставник во Купот на Македонија, како победник на локално ниво во Купот на ОФС Битола.Златните медали и пехар за првопласираните и сребрени медаљи за второпласираните го додели претседателот на ОФС Битола,  Златко Талевски.До победата оваа екипа стигна преку Марцевски кој постигна два гола и Јовановски и Николоски по еден гол. Третолигашот Евротип Онлајн треба да се подготви за следната сезона во која ќе настапи во Купот на Македонија и во Југозападниот регион на Третата лига.Исто така се доделени и плакети за судиите што го судеа финалето на купот.