Press "Enter" to skip to content

Меѓународен ден на детето

Први јуни, во многу земји се прославува како Меѓународен ден на детето. Одлука за прогласување на овој ден да се слават децата е донесена од страна на УНИЦЕФ во 1925 година на Светската конференција за благосостојба на децата одржана во Женева, Швајцарија и претставуваше нов почеток во подобрување на можностите за најмладите.

Се слави и 20 ноември како Светскиот ден на детето. Овој датум беше усвоен во 1954 година од страна на Обединетите нации. Во 1959 беше усвоена Декларација за правата на детето, а на истиот ден во 1989 година и Конвенцијата за правата на детето. Некаде се прославува и цела недела. Но, секогаш целта е иста.

Минатата недела со бројни активности Меѓународен ден на детето се одбележуваше во ДГ “Мали Генијалци”. Постојат од 2014 година, а од минатата година се на нова локација на ул. “Дедо Иљо Малешевски“ бр. 25 (во старата касарна). Работното време е од 7 до 17 часот и згрижуваат деца во целодневен престој на возраст од 0 до 6 годишна возраст во три воспитни групи, од 0-2 години, од 2-4 и од 4-6 години.

Нивниот тим е составен од млади ентузијасти, но и искусен и посветен кадар, кој секојдневното одењето во градинка на Вашето дете го прави вистинско уживање, а паралелно низ игра учи и да се стекнува со нови вештини. Со стимулирачко опкружување, едукативна програма, креативни работилници, моторички активности, настава на англиски јазик, факултативни едукативни и слободни прошетки се само дел од активностите кои ги спроведува градинката за правилен раст и развој на секое дете.

“Не само оваа недела, туку секој ден, ги мотивираме, инспирираме, охрабруваме и поддржуваме децата преку создавање на безбедна, развојно-воспитна и грижлива средина која резултира со социјален, емоционален, когнитивен и физички развој. Ги поттикнуваме да создаваат позитивна слика за себе како и љубов кон знаењето, со единствена цел да обезбедат силна основа за понатамошни успеси во животот” – потенцираше директорката Елена Неделковска.

Текст : Пр Линк Маркетинг
Фотографии : Приватна архива