Press "Enter" to skip to content

Млекопроизводителите се суштината на млечната индустрија – Битолска млекара го одбележа Денот на фармерите

Во чест на Светскиот ден на млекото, Битолска млекара традиционално го одбележа Денот на фармерите, настан посветен на луѓето кои секојдневно придонесуваат кон развојот на домашната млечна индустрија. Со доделување на признанија за рекордни достигнувања и израз на благодарност, млекарата уште еднаш ја истакна клучната улога на фармерите во обезбедувањето квалитетно млеко до секој потрошувач.Улогата на фармерите во млечната индустрија според најголемиот производител на млечни производи е од национална важност.-Денешниот ден е одлична можност да се потсетиме на придонесот на млечната индустрија за примарното производство. Иако примарното производство и понатаму се карактеризира со раситнетост и мал обем по фарма, охрабрувачки е фактот што започна процес на консолидација, со помал број производители, но со поголеми количини. Тоа е првиот чекор кон одржливост. Млечната индустрија може и мора да има иднина, но само ако заеднички, заедно со креаторите на аграрни политики, преземеме јасни заложби: да ја направиме атрактивна за младите генерации, да ја модернизираме преку технологија, роботизација и модерен фармски менаџмент, да се стремиме кон 100% ЕУ-квалитет на суровото млеко. Само така, оваа индустрија ќе може да го одржи домашното производство, и не само да понуди стабилност против растечкиот увоз туку и можност за настап на извозните пазари“, истакна Ѓорѓи Петрушев, генерален директор на Бимилк.Преку соработката со над 400 фармери низ Македонија, обезбедувајќи континуирана поддршка преку едукација, технолошка модернизација и долгорочни партнерства за унапредување на квалитетот на сточниот фонд, Битолска млекара претставува главен развоен фактор на сточарството во Македонија.-Фармерите кои соработуваат со Бимилк покажуваат високо ниво на одговорност, како во одржување на животинската добросостојба, така и во прифаќање на препораки од нашите теренски тимови. Податоците покажуваат дека токму оние производители кои инвестираат во квалитет, преку подобрена исхрана, автоматизирани системи за молзење и добра ветеринарна поддршка, се оние кои континуирано испорачуваат млеко со највисоки технолошки параметри. Затоа е важно и овие практики да се афирмираат и вреднуваат. Факт е дека зад секој наш производ стои тимска работа, а фармерите, се нашата прва линија. Нивната посветеност, грижа и соработка се темел на секоја капка млеко што ја носиме до пазарот. Денес ги славиме резултатите што ги постигнавме во изминатата година, но нашата заедничка долгорочна цел останува јасна – континуирано унапредување на квалитетот на суровото млеко и зголемување на количините млеко со ЕУ-квалитет, како основа за одржлив раст, порача Александар Мано, менаџер за операции во Бимилк.Фармерите примарните млекопроизводители беа поздравени и од градоначалникот на Битола, Тони Коњановски.Во чест на Денот на фармерите, упатувам искрени честитки и изразувам длабока благодарност до сите вредни земјоделци и сточари од нашиот регион. Вашата посветеност, истрајност и трудољубивост се меѓу најважните столбови на локалната економија и клучниот двигател на млечната индустрија во Битола. Посебно сакам да ја истакнам соработката меѓу битолските фармери и Бимилк – една од најзначајните агро-прехранбени компании во нашата општина и пошироко. Преку овој силен партнерски однос, не само што се обезбедува пласман на квалитетно домашно млеко, туку се поттикнува и развој на руралните средини, се зајакнуваат малите семејни фарми и целокупниот аграрен еко-систем. Млекопроизводството во Битола не е само економска гранка – тоа е традиција, начин на живот и иднина која заеднички ја градиме. Како локална самоуправа, остануваме посветени на создавање подобри услови за работа и развој во земјоделството, со цел да им овозможиме на нашите фармери да растат, да инвестираат и да бидат конкурентни“, изјави градоначалникот Коњановски.Денот на фармерите беше потсетување дека иднината на млечната индустрија се гради врз доверба, фер партнерства и заеднички развој.

More from ВестиMore posts in Вести »