Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: два физички напади врз жени, малолетник со моторцикл излетал од патот, уапсени четири лица за дрога

На 01.06.2025 во 22.10 часот во СВР Битола, Љ.В. (58) од општина Могила пријавила дека во село Могила била физички нападната од 68 годишник од Битола. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 01.06.2025 во 13.30 часот во СВР Битола, Р.К. (66) од Битола пријавила дека на ул.„Кочо Рацин” во Битола била физички нападната од 48 годишник од Битола. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 01.06.2025 во 19.58 часот во СВР Битола е пријавено дека на регионален пат во село Будаково, општина Могила, мотоцикл „хамачи“ без регистарски ознаки, управуван од 16-годишник од село Мусинци, општина Могила, излетал надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле малолетникот кој го управувал мотоциклот и неговиот 14-годишен сопатник од село Будаково, констатирани во Клиничката болница Битола. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.

На 01.06.2025 во 17.00 часот на патот А3 пред Кукуречанска крстосница во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода четири лица на возраст од 28, 31, 28 и 29 години затоа што кај нив е пронајдена марихуана. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.