Што стои зад претерано угодување, “улизувањето“, додворувањето кон другите и зошто луѓето го прават?
Постојано го слушаме зборот полтрон. Сите сме дошле во контакт со полтронство на различни начини. Во социјалните контакти и од дистанца, постапката е очигледна и јасна – улизувањето и додворувањето е провидно. Може да се помисли дека секој е доволно бистар и паметен да види за што станува збор. Таму каде владее едноумие, каде се признаваат само еден став и мислење најмногу цвета полтронството. Исто така – Ако треба да се прилагодиме на некој кој одлучува во СЕ што не засегнува, потребна е многу сила за да се каже НЕ на полтронството. Затоа низ одговори на прашања ќе се обидеме да ги откриеме причините зошто луѓето го прават.
Но најпрво за значењето на
Зборот „полтрон“ (poltroon)” кој потекнува од италијанскиот јазик, во кој “poltrone“ значи кукавица, мрзелив. Тоа се корените на полтронството за кое денес, се опишува личност која неодмерено и неискрено се додворува на оние кои се на повисоки општесвени позиции, обично со цел да стекне корист.
Психолошки – Што лежи зад полронството?
Полтронство може да биде стратегија на преживување и социјално снаоѓање, во кое личноста прибегнува кон манипулација низ претерана угодување кон другите како би стекнала статус или предност. Тоа е на некој начин борба за живот, а всушност во основата лежи несигурност и чувството на безвредност, обид да се прикрие недостаток на знаење и вештини, некогаш и мрзеливост, а сепак да се добие корист. Полтроните се личности кои развиле уверување дека се сакани и да вредат на другите само ако им угодуваат, со што на некој начин нивното чувство на лична вредност е директно поврзано со потврдите кои доаѓаат од надвор, објаснуваат психотерапевтите)
Кои личности се полтрони?
Според типот на личност, постојат некои модели на однесување кои се карактеристични за полтроните. Но без генерализации ќе ги наведеме :
- Личности со изразена потреба за припаѓање, кои се плашат од отфрлање или
- Се плашат од конфликти.
- Личности кои не веруваат во своите способности.
- Личности кои се склони кон избегнување на непријатности, или
- избегнуваат напорна работа и залагање.
- Исто така личности со ниска самодовернба.
Примери во литературата (Во делата на Нушиќ ликовите на локалните службениците и оние кои се на власт се однесуваат типично како полтрони).
Различни се причините зошто луѓето прибегнуваат кон полтронство?
- Страв од отфрлање,
- желба за прифаќње, или
- потреба да се обезбеди сопствена сигурност во општествената хиерархија.
Психолошка корист ја реализираат така што учествуваат во туѓиот успех, или сметаат дека како било му допринесуваат. Полтроните се опкружуваат со оние кои ни сами не веруваат во своите квалитети и способности. Тоа е некоја вид на симбиоза формирана заради остварување на некој заеднички интерес. Обично се поаѓа од претпоставката дека луѓето со вакво однесување не се свесни, но тоа не е секогаш така.
Полтронството може да биде и свесно,
во зависност од личноста и степеност на интроспекција на личноста. Кај некои тоа е многу калкулиран потез усмерен кон постигнување на цели, а понекогаш се работи само за длабоко вкорент модел на однесување од детството, кој се развил во односот со значајните личности за него, тоа се родителите или други авторитети кои не дозволувале детето да се почуствува вредно и уважено, туку барале постојана подреденост и сервилност.
Полтронство може да се јави и во раните фази на развојот, посебно кај деца кои уште ги учат социјалните норми и начини како да добијат внимание и прифаќање. Во градинка и на училиште ова однесување може биде поизразено, бидејќи децата се уште го бараат идентитетот и местото во групата врсници. Затоа е значајно како педагозите кои работаат со деца ќе го усмеруваат нивното однесување, особено што ќе поттикнуваат.
Дали зрелата личност може да избере вакво однесување?
Зрелоста не мора да го исклучува полтронството, некогаш и зрелата личност може да го избере ова однесување како такво бидејќи го проценува дека подобро ќе се адаптира во одредена ситуација.
Како се надминува ?
- Со самосвест и емоционална зрелост може да се намали склоноста кон такво однесување.
- Зрелата личност е поспособна да се вреднува себеси независно од надворешното одобрување, со што полтронството губи причината и целта.
Полтронството како културолошка појава.
Постојат култури каде оваа појава е почеста. Во културите во кои се инстистира на почитување на хиерархија и авторитет, додворувањето може да биде вообичаена социјална стратегија. Исто така тамо каде што се инстистира на едноумие, каде само едно мислење и еден став може да бидат признати, полтронството е поизразено. Во егилитарни општества ова појава е помалку присутна, бидејќи се вреднува автентичност, директна комуникација и критичко мислење.
Социокултурните норми влијаат на перцепцијата на полтронството кај мажите и жените и на разликите
Жените во некои средини можат да се чувствуват приморани да се додворуваат заради традиционалните очекувања на :
-покорност или грижа,
-очекувањата „да знаат каде им е местото“ или
– потребата да обезбедат себеси подобра позиција во ионака неповолната културна средина,
Додека кај мажите полтронството може да се појави во контекст на освојување на моќ и влијание.
Меѓутоа полтронствот не е специфично врзано за полот.
Полтронството може да биде деструктивно
Такво станува кога личноста константно ги жртвува своите сопствени вредности и автентичност како би му се допаднала на другите. Долгорочно може да доведе до внатрешни фрустрации,чувство на губење на идентитет и односи базирани на манипулација, кои му штетат на полтронот и на оние кои примаат внимание.
Полтроните можат да бидат и опасни
За да за зачуваат својата позиција во состојба се и да ги жртвуваат сите други.
- Склони се на оговарање, завери, клевети и лаги.
- Опасни се и кога ви се додворуваат, бидејќи точно знаат што сакате да слушнете и тоа ви го зборуваат, што може да доведе до губење на контакт со реалноста.
Зошто авторитетите паѓаат на полтрони иако нивното однесување е провидно?
Некои луѓе на позиции на моќ се опкружуваат со полтрони затоа што мислат дека така полесно и подолго ќе останат на позицијата на која се. Полтроните не ја загрозуваат позицијата на моќ на оној на кој му служат, делуваат безбедно, бидејќи често и се претставуваат тупаво, а сепак се лојални, бидејќи тоа им е во интерес за да ја сочуваат сопствената позиција. Понекогаш се и драгоцен извор на информации. Полтронот е послушен. Дисциплината е важна… А ако некој само нешто се буни и филозофира – тој е заменлив.
Личности имуни на полтронство
Најчесто се личности кои веруваат во себе, и на кои им е јасна штетата која присуството на овие личности на подолги стази можат да ја направат. Они кои се насочени на квалитет ќе бираат соработници кои се способни и кои отворено ќе ги искажуваат своите идеи.
“Може да се каже дека живееме во расадник на полтронство. Таму каде безмисленото е посилно од мисленото“.