Press "Enter" to skip to content

Трговска делегација од Измир и Тире од Турција во работна посета во Битола и Новаци (фото)

Трговска делегација предводена од градоначалникот на Општина Тире, во Измир, Република Турција, г. Хајати Окуроглу, претседателите на Стопанската комора на Измир и Индустриската зона Тире и деловни луѓе од Измир и Тире, беа во посета на Регионалните комори во Прилеп и Битола и остварија средба со градоначалниците на Прилеп, Битола и Новаци.Ова е возвратна посета на претходната соработка меѓу Измир и Битола и меѓу Тире и Прилеп,  на делегацијата од Пелагонискиот регион на Република Турција, во периодот од 15 до 19 мај 2024 година како и претходните посети на Пелагонискиот Регион на делегации од двата града од Република Турција, кои реализираа повеќе инвестициско-инспекциска тури во претходните години.Оваа посета е во насока на зајакнување на економската соработка и привлекување странски инвестиции, па затоа на 28 мај 2025 година, т.е. третиот ден од престојот во нашата држава, беа остварени средби со заменик градоначалникот на Општина Битола, Бојан Бојкоски и градоначланикот на Општина Новаци, Стевче Стевановски.Гостите пристигна во регионот со цел разгледување на можностите за инвестирање во новата Индустриска зона во Новаци како и расположливите парцели во Индустриската зона Жабени, како и посета на пооделни компании од битолскиот регион меѓу кои Вемилк и Хемометал Битола.-Особено мие драго што денес наши гости се нашите пријатели од Турција, општината Тире, близу до Измир затоа што со нашите индустриски зони веќе имаме остварено заедничка соработка. Интензивната работа која ја вложивме во изминатиот период сега ги дава своите никулци. Работиме на главните сообраќајници кои треба да ја поврзат Индустриската зона која ќе биди на површина од околу 20 хектари за општина како Новаци тоа е многу важно затоа што таа ќе ја развие економијата и квалитетот на животот на населението во Општина Новаци, а со тоа директно ќе придонесеме за развој на Пелагонискиот регион. Во зоната може да се изградат 15 фабрики, а половина од парцелите се продадени на домашни и странски инвеститори, најголем дел од Турција, односно од Сакарија, Газиантеп, а ќе има и од Измир, рече Стевче Стевановски, градоначалник на Општина Новаци.-Презадоволен сум што сум во Општина Новаци. Тука сум со делегација од најголемата бизнис комора. Гледаме дека во Општина Новаци има потенцијал за земјоделски развој и затоа во најкус рок како градоначалници јас и Стевче сакаме токму тука да ја пресечеме лентата на првата турска инвестиција, рече Хајати Окуроглу, градоначалник на Општина Тире, Турција.-Нашата посета ја реализираме со бизнисмени од повеќе различни сектори почнувајќи од градежниот до земјоделскиот сектор. Нашето искуство сакаме да го донесеме тука и да го правиме тоа што го правиме во нашата земја. Новаци и градоначалникот Стевановски брзо реагираат, нема пречки за инвестиции и задоволни сме од нивната љубезност, рече Метин Акдаш, потпретседателот на најголемата стопанска комора во Измир Тире, Турција и менаџер на 8 компании.Делегација од стопанственици и претставници од економско-индустриската зона „Тире“ ја посетија Општина Битола, каде остварија средба со заменик градоначалникот на Битола, Бојан Бојкоски, претседателот на Регионалната стопанска комора, Мирко Велковски и други претставници на комората. На средбата, од страна на Бојкоски, делегацијата беше запозната со можностите за инвестирање во Индустриската зона „Жабени“, поранешната касарна, како и во делот на потпелистерието, за кој општината има донесен урбанистички план. Бојкоски, информираше и за заложбите на локалната самоуправа за развој на туризмот, нагласувајќи дека во тек е изготвување на физибилити студија за изградба на гондола на Пелистер, како значајна можност за развој на туризмот.Турската делегација, ќе ја посети и индустриската зона „Жабени“ во Битола, како и неколку приватни компании во градот. Реализираните активности се дел од планираното во протоколот за соработка потпишан минатата година помеѓу зоните „Жабени“ и „Тире“.

More from ВестиMore posts in Вести »