Press "Enter" to skip to content

Ќерката на великанот Кирил Македонски отстапи 300 книги, ретки документи, семејни албуми, лични предмети… на Завод и музеј Битола (фото)

Во просториите на НУ „Завод и музеј“ – Битола остварена е значајна и несекојдневна средба со фамилијата на великанот Кирил Македонски со раководството на оваа институција, на денот на неговата смрт.На средбата неговата ќерка д-р Пламенка Македонска, во присуство на членови од нејзиното најблиско семејство од Скопје и Битола, изјави:-Долго размислував кому и каде да го предадам овој материјал. Имам голема доверба во вас Директоре Зоран Николовски, во вашите стручни соработници, во моите најблиски роднини, во оваа институција која има посебно место во чувањето, заштитата и презентирањето на македонското културното наследство.Од НУ „Завод и музеј“- Битола изразија огромна благодарност со ветување за достојно презентирање и соодветно чување на овој ексклузивен материјал за Кирил Македонски- еден од најзначајните македонски музички творци, роден во Битола.Повеќе од 300 книги од семејната библиотека, 20 регистратори со ретки документи, 3 семејни фото албуми, опери, партитури, либрета, писма, оперети за деца, хорски дела, симфонии, филмска и драмска музика, детски песни, ретки списанија, плакати за настани, дипломи, награди, лични предмети, лични документи, се само мал дел од обемниот материјал.Кирил Македонски почина на денешен ден, 2.06.1984 година.Проектот „100 години од раѓањето на Великанот Кирил Македонски“ е поддржан од Министерство за култура и туризам, во рамки на Годишната програма од национален интерес за 2025 година на Завод и музеј Битола.