Здружението “PELXTR“ од Битола со последен потсетник… регистрациите за PUTM-Pelister Unique Trail Marathon 2025 ќе бидат затворени на 6 jуни!
Нè очекува пеколен африкански викенд, идеален за ладно пиво, очила за сонце и пријатен планински воздух во срцето на Баба Планина!
Оваа година се организираат две брзи трки!
Едната е полумаратон од 21 км, кој во првата половина има спринт конфигурација и 0 D+!! Додека во втората половина, разлика во надморска височина од 1.200 D+ и 500 D- е спакувана во останатите 11 км!!!
Втората трка е апсолутно планинска релакс патека од 9 км и околу 400 D+ и во голема мера во сенката на шумата под врвот Бабин Заб!
Целната линија на двете трки е на патеката Скијачки центар Стрежево.
ториот ден, недела 15 јуни, на истиот терен на скијачкиот центар Стрежево организираме детски крос-кантри трки Pelister Unique Trailko за возраст од 5 до 14 години.
Регистрациите за трките на Треилко се можни до 8 јуни 2025 година! И нема многу слободни стартни броеви!!