Press "Enter" to skip to content

Еуерофарм Пелистер 2 од Битола со нов ракометар за Супер лигата

Во Битола доаѓа младинскиот репрезентативец на Македонија, Славчо Шулески кој веќе е нов член на Еурофарм Пелистер 2. Средниот бек на Тиквеш доаѓа во таборот на новиот суперлигаш и од следниот месеџ ќе му се стави на располагање на тренерот Александар Зарков.

Се работи за 20-годишен ракометар, роден во Струга, кој во претходните сезони го носеше дресот на Тиквеш. Висок е 180 сантиметри и летово ќе ја репрезентира Македонија на Светското младинско првенство во Полска.

Неговото претставување во Битола е предвидено на почетокот на подготовките на Еурофарм Пелистер 2 на крајот од месец јули.
More from ВестиMore posts in Вести »