Press "Enter" to skip to content

“Триптих“ трета самостозна изложба во три години во Битола на академскиот сликар Тони Соколов (фотогалерија)

Тони Соколов – Солза годинава, по трет пат, односно трета година по ред, доаѓа од Бризбен во Битола за изложување на неговите дела, инспирирани од убавините и богатото културно и историското наследство на Битола и Македонија, насловена “Триптих“.Изложбата “Триптих“ вечерва свечено беше отвореан во Магазата во Битола, а пред големиот број битолчани, роднини, пријатели, другари и љубители на уметноста во улога на модератот зборуваше д-р Никола Главинче кој рече:-Вечерва посебно ми е драго да зборувам пред голем број љубители на уметноста кои се меѓу себе поврзани на различен начин, роднински, пријателски, општетвено-социјални и на крај уметнички, што му дава додадена вредност на овој собир кој е уникатен. Изложбата е комбинација триптих, три делови на творештвото на веќе реномираниот сликар во Македонија, Тони Соколов, кој трет пат доаѓа во својот дом, во својата Битола и прикажува една емоција која веројатно ја акумулира низ целата година додека не е тука, а кога ќе дојде тука, тој наеднаш ја истура како најдобар увозен производ од Австралија во Македонија. На тој начин во сликите има силна колоритност која кај секој човек побудува позитивни емоции. Тони има, што јас го гледам во неговие дела, расправање меѓу бојата, меѓу композицијата и меѓу линијата, за тоа кој од тие три елементи ќе доминира на секое платно.  Сите слики се пачат не неговиот внатрешен свет во ние имаме привилегија да “влеземе“. Третата самостојна изложба во три години не е традиција. Традицијата прераснува во себеси преку векови. Изложба со околу 30 дела, како три посебни групи на слики со различна тематика, но со заедничка низа што ги поврзува духовниот однос со инепирацизата и корените на сликите, а сепак студиски изработени од впечатоците и сеќавањата донесени во ателјето….Инспирација најдена во творештвото на иконографите по црвки и манастири изложени како идоли каде луѓето се молат. Во икони исчадени од традиционалното палење на свеќи како симбол на светлина и ја осветлуваат патеката на молитвите и мемориите. Инспирација најдена во секојдневното битие гледајќи ги цветовите, листовите, зеленилото и светлината во мојата градина.Изложбата ја отвори директорот на Завод и Музеј, Зоран Николовски кој рече:-Кога зборуваме за “Триптих“ како што е насловот на изложбата претпоставувам се сеќавате дека иконографски триптих значи три отвори, поточно тоа се трите процепи во плевната помеѓу гредите на таванот кога Богородица ја виделе Витлемката комета која и кажала дека детето ќе и биде зачнато од Светиот дух. Во сликарството триптих означува три слики кои означуваат една целина. Вечерва сме сведоци на еден пионаков, но исто така значаен триптих кој што е составен од природа – пејсажи, испирации на Богородица и Спасителот и Дон Кихот, еден од најголемите ликови во светската литература.Авторот Тони Соколов кратко им се обрати на присутните и рече:-Фала на ви сите кои сте тука на отворање на мојата изложба и на сите кои ми помогнавте да се постави оваа изложба, тука, во Битола. Се надевам дека ќе ви се допадне изложбата на сите.Владо Горески во предговорот за изложбата “Триптих“ на Тони Соколов насловен “Во потрага по вечниот архетип“, меѓу другото,  ќе напише:-Ликовниот уметник Тони Соколов во неговиот роден град Битола, реализира специфичен уметнички проект низ временската рамка од три години. Со најновата изложба насловена “Триптих“, тоа не само што го синтетизира овој временски период во една компактна и изразита целина туку и отвора јасна изградена концептуална структура. Згуснувајќи за временската рамка во своевидна индивидуална посебност, тој се оддалечува од стереотипите за времето, докажувајќи ни дека тоа постои само за да ни докаже дека неуништливоста и неминливоста се творечката особеност што ни ја осветлува нашата мисла, емоција, креативност која секогаш е во наідиректна корелација со универзалното сепостоење. Низ овие три години изгради еден вид музичка ликовност со неверојатни сензитивни лирики, драматични, елегични, рефлексивни, ритмички, светли состојби на ликовниот израз кои го прават низ неговиот смел и директен опус автентичен и особен. Тоа се дела со особено чувство за пределот, колоритот изграден низ оригиналии постапки, ритмиката, смелоста во решавањето на композицијата, импулеивните дневнички записи постојано импресионирани од сите екстракти на светлината. Во тој контекет и неговата најнова изложба – “Триптих“, содржи и нови елементи кои уште повеќе го распространуваат неговиот имагинарен хоризонт.Љубовта на мајката кон своето дете, просветленоста на детето Бог, во прегратките на својата мака, топлината, нежноста, мекоста на секоја линија и колористичка интервенција се доближуваат до суштината на нашето постоење врежана во огромната неизмерна љубов на Вселената, на Универзумот, на причината поради која сме тука. Соколов, го врежува постоењето на мајката, Богородица, која е создадена од светлината на лубовта, а воедно ни за открива нашата колективна Мајка која бдее над нашето постоење Богородица Пелагонитиса, која неколку векови целата своја нежност неизмерна љубов и заштита ја изразува како сите изгреви во кои е нашата бесмртност и длабока верба. Богородица Пелагонитиса како послание токмум од овоз предел, единствена, ликот на нашата питомост, на нашето постоење низ надеж, длабочини на сите мечти и сонови. Богородица Пелагонитиса е нашиот лик кој опстолува наспроти сиот трагизам и тага.Во вториот дел, Соколов ја разоткрива севкупната антологиза на цветовите. Со страст, со занес, со визија коа j открива не само бојата на разгранетоста туку и тајниот говор на расцутувањето, на растењето, на раскошот, на единственоста на сите форми, облици, на неверојатната огледа на структура на сите животи на небото одразено во секој цвет, во секое цвеќе како ендемски вид на истиот предел по кој вечно длаби, патува создава, открива низ сликите низ цртежите, создавајќи jа мапата и хербариумот на убавината.Во третиод дел, Соколов, реализира низа пејзажи инспирирани од Мариово. Тоа не се предели реализирани со позната ликовна постапка, тоа се пејзажите на нашиот духовен простор. Единственоста на овој невин, исконски, вонвременски пејзаж, кој што никогаш не бил дел од урбан отуѓен лавиринт. Мариово не е ненаселеност, не е опустошеност, тоа е слика на вечниот искон, недопрен, неизвалкан, неуништен од баналните дивилизации. Мариово е просторот од кој се раѓа вистинското сликарство: далеку од отуѓеното урбано, далеку од сиот апсурден и банален цивилизациски лавиринт, тоа е сликарство на вечниот творечки израз. Тоа не се пејзажи, или тоа не се само пејзажи туку метафори, симболи, ритуали на бескразот, ќе напише Владо Ѓоревски.Заокружувајќи го овој триптих Тони Соколов ни ја отвора нашата врата кон светлината, поврзувајќи го своето ликовно творештво со безвременоста на креативноста и со најсветлите проблесоци на битолската ликовна уметност која што одамна ги има напуштено локалните затворености станувајќи наравноправен дел од сликарството на Човекот ослободен од сите измислени грабици.

Текст и фото: Сашо Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »