Во посета на ЈКП Водовод Битола беа учениците од VIII и IX одделение од ОУ „Ѓорѓи Сугарев“ – Битола, а посетата беше на Филтерница Битола, и е реализирана во рамките на воннаставните активности по предметот хемија, на тема: „Прочистување на водата“.
Учениците имаа можност одблиску да го запознаат целиот процес на филтрација и третман на водата и да слушнат за современите методи за прочистување на водата.
-Се надеваме дека денешната посета ќе биде инспирација за понатамошно учење и истражување, рекоа од “Водовод“ Битола.