Алкалоид – Еурофарм Пелистер 23:29 (14:18)
Еурофарм Пелистер на претпоследниот натпревар во оваа ракометна сезона ја победи екипата на Алкалоид во Скопје со резултат 23:29, полувреме 14:18 и за сабота го закажа натпреварот на сезоната на кој ќе се решава кој ќе биде шампионот на Македонија за оваа ракометна сезона. Двата тима влегуваат со ист број бодови 19, а кој ќе победи ќе биде шампион.
Пелистер играше без капитенот Кузмановски и без Мохамед Мамду, а натпреварот се отвори изедначено до 6:6. Се продолѓи со 9;9, па 11:11, а со два гола по ред “пелистерци“ направија +2 (11:13), а потоа со уште два гола на “празен гол“ дојдоа до +4 (13:17). Позитивата од четири гола предност Пелистер ја имаше и на полувреме 14:18.
Во продолжениет тренерот на Алкалоид во 40. минута заради црвен картон. Алкалоид потоа дојде до 20:21, но немаше сили за пресврт. Брестовац одбрани неколку топки на домаќините и дојде повторно до +4 (21.25). Еурофарм Пелистер до крајот смирено дојде до значајна победа.
Најефикасни кај Еурофарм Пелистер беа Дејан Манасков и Урош Борзаш со по пет гола, пред Усама Хосни со четири гола.