СВР Битола, до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против Здружение за коњички спортови и заштита на коњи од Битола и против 34 годишно лице од Битола поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измама“ и „фалсификување исправа“. Второпријавената, како еден од сопствениците на првопријавеното правно лице, во име на правното лице во периодот од 17.08.2023 до 20.10.2023, со прикривање на факти довела во заблуда правно лице од Скопје и со умисла извршила повеќе поврзани дејствија, така што побарала од правното лице да изврши набавка на ракавици и сетови за прва помош иако според статусот не смеело да врши трговски услуги, За таа намена правното лице од Скопје издало 11 фактури со различен износ и до денес го држела во заблуда дека ќе бидат платени во законскиот рок и на тој начин го навела да стори штета во износ од 7.938.400 денари. Исто така, второтопријавената, на издадените фактури, кон својот потпис додала дека има звање претседател на првопријавеното правно лице и на тој начин со умисла извршила кривично дело „посебни случаи на факсификување исправи”, казниво по член 397 од Кривичен законик. Пријавената во заблуда довела и правно лице од село Живојно, општина Новаци на начин што подигнала вештачко ѓубре и не го платила и на тој начин го оштетила правното лице во износ од 276.900 денари.
СВР Битола, до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против 30 лице од село Долно Оризари, битолско, 57 годишно лице од село Путурус, општина Могила и две правни лица од село Долно Оризари. Првопријавениот во текот на 2023 и 2024 година, во својство на овластено лице-управител во трето и четврто пријавените правни лица и второ пријавениот – сопственик на трето и четврто пријавеното правно лице довеле во заблуда 27 лица, од кои 25 земјоделци од пелагонискиот регион и две превозни претпријатија дека после извршен откуп на житни култури за одреден временски период ќе им платат и ги убедиле да ја предадат житната култура, со што вкупно им нанеле материјална штета во износ од 141.650 евра.