Улогата на Вештачката интелигенција во развојот на индивидуалните перформанси на надарените и талентираните ученици, беше насловот на стручната презентација што д-р Драган Ристевски од Битола ја изведе вчера пред постдипломски студенти на Универзитетот во Лерин, соседна Грција со посредство на психолозите проф. д-р Димитрис Пневматикос од Лерин и проф. Д-р Љупчо Кеверески од Битола.
-Темата и самото предавање предизвикаа особен интерес кај постдипломците, пред се педагози од разни делови на Грција, што се потврди и од дискусијата по самата презентација -ни изјави Ристевски и додаде:
-Покрај за самата тема која е многу актуелна, пред постдипломците во Лерин говорев и за можностите за студирање на Педагошкиот факултет при Универзитетот “Свети Климент Охридски“ во Битола, на трет циклус студии за надареност и талентираност, со оглед дека се единствени од таков вид во регионов.
Инаку, Драган Ристевски по неполн месец од неговата успешна одбрана на докторската дисертација на Педагошкиот факултет во Битола, со свој труд се претстави во земја на ЕУ, а годинава свои трудови имаше и на конференции за надареност во Марибор, Словенија, Риека, Хрватска, а летово ќе учествува и во Вршац, Србија.
С.Ристевски

Презентација на д-р Драган Ристевски од Битола пред постдипломски студенти на Универзитетот во Лерин
More from ВестиMore posts in Вести »
- Еурофарм Пелистер 2 го победи Радовиш во Битола
- Мечот Пелистер – Гостивар одложен за понеделник!
- Општина Битола: се реконструираат спортски терени во Горно Оризари
- Во спортскиот викенд во Битола утре кошарка – Крстевски: со рецептот од Куманово по триумф и над Гостивар
- Битолчани заедно во кризните денови





