На 03.06.2025 во 21.45 часот на ул. “Христијан Тодоровски Карпош” во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода две лица на возраст од 46 години и 39 години двајцата од Битола, затоа што при преглед кај нив, кај едното лице е пронајдена марихуана. По документирање на настанот, против нив ќе следува соодветна пријава.
На 03.06.2025 во 12.15 часот во СВР Битола, В.К. (34) од Битола пријавил дека од домот се оддалечил неговиот дедо В.К. (75) од Битола. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.






