Денес се навршуваат 24 години од смртта на нашите херои Влатко Миленковски, Благојче Силјановски и Пеце Матичевски, воени резервисти, припадници на баталјонот на Воената полиција од Битолскиот корпус во конфликтот од 2001 година.Пред споменикот на загинатите бранители „Ангел“ кај Саат кулата и споменикот кај поранешната касарна „Стив Наумов“, им беше оддадена почит на прерано загинатите бранители во близина на селото Гајре, на раскрсницата од патот за Шипковица, во долината на реката Пена.
Свежо цвеќе положија заменик градоначалникот на општина Битола, Бојан Бојкоски, претставници од Советот на Општина Битола, Министерството за одбрана, Министерството за внатрешни работи, семејствата на загинатите бранители и други граѓани,
Како дел од комеморативните настани во организација на Министерството за одбрана – Регионално одделение за одбрана Битола, цвеќе беше положено и на гробовите на загинатите бранители во црквите „Света Недела“ во Битола и „Свети Атанас“ во Новаци.
Традиционално беше одржан и Меморијален турнир во мал фудбал во универзитетската сала „Павел Шатев“, по што ќе бидат доделени дипломи и благодарници.
Нека им е вечна славата на нашите херои Влатко, Пеце и Благојче.

Оддадена почит на загинатите бранители од Битола кај Гајре, Влатко, Благојче и Пеце (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Завршниот турнир од младинската женска кошаркарска М14 лига утре започнува во Битола
- Александар Мурговски од Битола нов претседател на Надзорниот одбор на АД ЕСМ
- Верниците од муслиманска веросиповед во Битола го прославуваат големиот исламски празник Курбан Бајрам (фото)
- Крилото на Еурофарм Пелистер, Богдан Радивојевиќ уште една сезона во Битола
- Во Битола сончево и многу топло, температурата до 31 степен