Press "Enter" to skip to content

Општина Битола: целосно се затвора улица “Стрежевска“ од 9 до 19 јуни

Во врска со Проектот: „Реконструкција на линиска инфраструктурна градба на ул. „8 ми Септември“ и тоа: Реконструкција со доградба на коловоз во должина од 840 метри, изградба на атмосфрска канализација, реконструкција со дислокација на мешовита канализација на дел од улицата во должина од 732,30 метри, изработка на куќни приклучоци на мешовита канализација 87,87 м, реконструкција со дислокација и изградба на водоводна мрежа на дел од улица „8 Септември“ и изградба на улично осветлување на дел од улица „8 Септември“ во Битола, изведувачот на работите ја известува јавноста дека, согласно временото сообраќајно решение – фаза 7 и фаза 8 од дополнување на основниот сообраќаен проект за режим на сообраќај при реконструкција со доградба на дел од улица „8 ми Септември“ во Општина Битола, ќе биде извршено целосно затворање на споредната улица „Стрежевска“.

Затворањето ќе се спроведе во периодот од 09.06.2025 до 19.06.2025, со цел безбедно и непречено изведување на градежните работи поврзани со изградба на мешовита канализација, фекална канализација и водоводна мрежа.

Во наведениот период сите учесници во сообраќајот потребно е да се придржуваат до поставената привремена сообраќајна сигнализација.

More from ВестиMore posts in Вести »