Press "Enter" to skip to content

Театарските плакати на авторскиот тандем Бојаџиев – Ѓоревски од Битола моќно естретско сведоштво

Над 130 театарски плакати  исто толку каталози и програмчиња за театарски претставидело на авторите Христо Бојаџиев и Владо Ѓорески од Битола се изложени во Прилеп, по повод 59. театарски фестивал “Војдан Чернодрински“ што се одржува од 6 до 13 јуни годинава во Домот на културата “Марко Цепенко.“Импозантниот број театарски плакати создадавани во изминатите 35 години од авторскиот тандем Бојаџиев – Ѓорески, говорат за една плодна авторска продукција на  театарски плакат  кој како визуелен медиум за промоција на театарски претстави остава трајни и неизбришливи траги во  естетското творештво на речиси сите татарски куќи во Македонија како и за театри надвор од нашата земја.

И не само во привлекувањето и информирањето на публиката за одредената претстава, театарските плакати на авторите Бојаџиев – Ѓорески,  и по толку години, опстојуваат  самостојно  со својата естетика, и  со сопствените уметнички стојности кои продолжуваат да живеат и по реалното завршување на изведбите на конкретните театарски пиеси за кои се и наменети. Впрочем и оваа обемна и моќна изложба во Прилеп, по повод  Фестивалотр ,,Војдан Чернодрински“ го потврдува тоа самостојно трајно опстојување.

Честопати, театарската публика создава своја меморија, асоцијација и свое навраќање на соодветна претстава токму според визурата и впечатливоста на одреден плакат, а во конкретниот случај на авторскиот тандем Бојаџиев – Ѓорески, таа констатација многукратно се потврдува.

И двајцата автори се тесно и непосредно поврзани со театарот, во конкретниов случај со Народниот театар од од Битола. Едниот, Христо Бојаџиев,  со создавање на театарска музика, како и со уметничка фотографија, другиот, Владо Ѓорески како ликовен уметник, графичар и во еден период и сценограф, но и обајцата естетски достоинствено и врвно се реализираа во создавањето на театарски плакат.

И за обајцата не постоеја уметнички и сликарски граници за во своето авторско создавање и надополнување да дизајнираат ефектни илустрации, бои, типографија, фотографии и други комбинирани техники се со цел, посоодветно, блиско и идентично да ја транспонираат идејата на пиесата, а сепак да останат свои, оргинални автори и уметници во својата ликовност и визуелност. Впрочем, станува збор за двајца врвни уметници во своите творечки сфери. Да проговориме и за наградите и признанијата  за автоскиот тандем Бојаџиев – Ѓорески. Владо Ѓорески потврден, успешен и наградуван творец, наградуван со петнаесеттина награди за сценографија и за плакат на театарски фестивали во Македонија, другиот Христо Бојаџиев, наградуван за музика за бројни претстави од продукцијата на НТБ, како и за театарски плакат на фестивали во Македонија. Сепак, како круна на неговото обемно творештво е авторската музика за култната претстава “Подземната“, југословенски фестивал “Стеријно позорје“ во Нови Сад во 1991 година беше лауреат на Стеријната награда за музика.Конечно, театарските плакати на авторскиот тандем Бојаџиев – Ѓорески остануваат моќно естетско сведоштво на едни минати времиња, на театарски премиери и претстави кои се значаен дел од театарската историја, на театарот во Македонија.                              

Д-р Драган Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »