Не требаше ништо посебно да се соопшти дека ќе во Битола ќе се пречекаат ракометните шампиони, кои по трет пат на Битола му донесоа титула, а според сите највредна за “Чкембарите“ и битолчани, освоене во сред Скопје, со победа на директниот конкурент, вечниот ривал, екипата на Вардар во последниот натпревар.Прославата започна уште со салата на СЦ „Јане Сандански“, играчите прославија заедно со „Чкембарите“ и завршија на трибина.
По заминувањето од главниот град, договорен беше дочек во центарот на Битола, каде ако не на Широк Сокак.Иако информациите беа дека ракометарите и пехарот ќе простигнат, каде ако не, на Широк Сокак, после 1,30 часот, веќе после полноќ “пред Епинал“ имаше две илјади битолчани, а уште тогаш започна прославувањето, се пееја навивачки песни, се пиеше пиво, се славеше.
Некаде после 1 часот пристигнаа “Чкембарите“ од Скопје, кои го најавија доаѓањето на ракометните шампиони, и повторно се продолжи славјето.
И за кулминација на прославата беше доаѓањето на ракометарите, но поради големиот број на битолчани кои сакаат да им честитаат, бреднираниот автобус успеа да дојде само до стотина метри до “Широк Сокак“.И започна славјето…
Капитенот повторно со мегафон ги поздрави битолчани, со нив пееше, со битолчани се радуваше, со најверните го скандираше познатите навивачки рефрени.
Му се приклучија Никола Митревски, тика беше Пешевски, а Махмуд можеби беше најрадосен, се искачи на автомобил, запали бакља, беше дел од битолчани, беше дел од “Чкембарите“…
Се продолжи до три часот, а забавата не застана, ракометарите продолжија во “Голд Фелиција“, дел од другите во “Расчекор“, а се продолжи со прославата.На Широк Сокак беа сопствениците на клубот, градоначалникот на Битола – Тони Коњановски, дел од спонзорите на клубот, тука беа битолчани.
Денес продолжува славењето, како реле “Фитиљ“ трае три дена.
Прво во 18 часот има средба со спонзорите на клубот во “Голд Фелиција“, а потоа во 20 часот голема прослава на платото пред Офицерски дом во Битола, за што се подготвува посебна програма.
Како помина првиот ден, какви емоции, каква радост… може да се претпостави како ќе биде вечерва.
Фото: Сашо Ристевски и Дамијана Ристевска