ФК Пелистер од Битола ја започна реорганизацијата по најавената промена во структурите на клубот. Клубот го именува Марјан Секуловски за нов координатор на школата на клубот и тој ќе го заземе местото на Златко Цветановски.
Се работи за поранешен фудбалер и тренер на нашиот клуб, познат по работната етика и професионалност. Секуловски низ кариерата водел клубови од Првата лига и странство и бележел забележителни резултати. Нему му е доверена комплетната реконструкција на школата на клубот.
-Ова е нашиот прв чекор, но наскоро ќе ги објавиме и останатите промени. Клубот донесе одлуки за менаџментот и управувањето и деновиве на официјална прес-конференција ќе ги објави следните чекори. Наша цел е развојот започнат од претходната управа да продолжи и ФК Пелистер да се стабилизира како прволигаш со особен значај во македонскиот фудбал, стои во соопштението на ФК Пелистер.






