Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, денеска оствари работна посета на дел од институциите од областа на културата во Битола. На средбите со директорите на Центарот за култура, на Народниот театар и на Заводот и музеј – Битола се разговараше за текот на реализацијата на проектите и тековните предизвици со кои се соочуваат овие установи.Љутков информираше дека во Заводот и музеј – Битола е реализиран проектот за реставрација на предната фасада во вредност од 1,2 милиони денари, а во текот на годината ќе се реализира и партерно уредување на лапидариумот со дополнителни 1,4 милиони денари. Реновирана е и сувенирницата со сопствени средства на институцијата, што придонесува за туристичката понуда на градот.
Посебен акцент е ставен на капиталниот проект за реновирање на постојаната музејска поставка, за кој се издвоени 2 милиони денари. Во рамките на новиот концепт ќе биде вклучена и спомен-собата на познатиот битолски музичар Кирил Македонски, по повод 100-годишнината од неговото раѓање.
Министерот истакна дека археолошките истражувања, кои во изминатите години беа сведени на минимум, сега добиваат поддршка и нова динамика со што доживуваат вистинска ренесанса.
-Издвоивме еден милион денари за археолошките истражувања на локалитетот Градиште во с. Црнобуки, обезбедивме 12 милиони денари за тригодишниот проект за конзерваторски и реставраторски работи на ентериерот на Јени џамија, што подразбира ѕидно сликарство, дрвени, метални, мермерни, гипсени и фајансни декоративни елементи, како и мобилијар. Претходно, пак, со 2 милиони и со 2,5 милиони денари се реализираа и проектите за конзервација и реставрација на фасадите на спомен-куќите на македонските револуционери Гоце Делчев и Стив Наумов, информираше Љутков.
-Во Завод и музеј го реализираме проектот за реставрација на предната фасада за што се издвоени 1.200.000 денари, а годинава ќе се реализира и партерното уредување на лапидариумот, вреден 1.400.000 денари. После долги години реновирана е сувенирницата која што всушност е направена од сопствени приходи на Завод и музеј, а тоа е многу добро за туристичката понуда која што треба да ја има Битола, а нас како Министерство за култура и туризам ни оди во прилог да се преземаат вакви чекори, изјави Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, кој потенцира дека во Битола се забележува значителен напредок и во делот на туризмот.
На работната посета, министерот го придружуваше и градоначалникот Тони Коњановски, кој истакна дека Битола е центар на културата за што потврдуваат и седумте национални установи во градот.
-Се гордеам што сум на чело на град кој многу вложува во културата и е културна мека во Македонија. Во овие 3-4 години, навистина се доживува еден процут, еден развој во таа област, не само со националните установи, туку и со нашиот културно – информативен центар, каде што има денови, во кои не знаете на кој настан можете да стигнете побрзо. Со право и министерството премина во Министерство за култура и туризам, со оглед на тоа што туристичката понуда која е многу значајна и која сите овие установи ја нудат многу значи за градот и во тој дел сеуште не сме го достигнале тој максимум, но на наше задоволство бројот на туристи секој ден се зголемува, наше е да им понудиме добра програма и секако во однос на престој во нашиот град да ги задржиме посетителите колку можеме повеќе. Тука треба да се ангажира и хотелиерството, приватните стопанственици кои треба да ја дадат таа понуда во делот на ноќевањата и кулинарството итн. Сакам да се заблагодарам за поддршката од Министерството, но и за соработката со националните и културните установи со кои како локална самоуправа имаме исклучително добра соработка. Нашите настани се и нивни, а нивните настани се и наши. Во текот на утрешниот ден ќе го обзнаниме и почетокот на културното лето со еден многу интересен настан, изјави градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски.
Министерот го најави и капиталниот проект за реконструкција, санација и адаптација на објектот на поранешното кино „Партизан“, вреден 94 милиони денари. Договорот е веќе потпишан, а реализација треба да започне до крајот на месецов.

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков во работна посета на институциите од културата во Битола
More from ВестиMore posts in Вести »
- СВР Битола: украден “форд“ на “Васко Карангелевски“, сопруга физички нападната од соппругот и свекрвата
- СВР Битола со детали за нападот на вкуката врз бабата и дедото
- Внука се обидела да ги убие сопствените баба и дедо
- Во Битола сончево и топло, температурата до 31 степен
- Фото на денот: Ленски мост и високакатницата во Битола
More from КултураMore posts in Култура »
- Со “Леб и сол“ на 26 јули во Хераклеја во Битола започнува “Бит фест 2025“ (фото)
- Армин ван Бурен на 3 август во Битола -музички спектакл од светски ранг на стадионот “Петар Милошевски“
- Театарските плакати на авторскиот тандем Бојаџиев – Ѓоревски од Битола моќно естретско сведоштво
- Соња Михајлова ја доби наградата за животно дело на 59. МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, вечерва НТ Битола ќе ја изведе “Црно семе“
- Денот на државноста на Хрватска одбележан во Битола (видео+фотогалерија)