Press "Enter" to skip to content

Трофејот за најдобар боксер на турнирот “Мирослав Петровиќ“ за Ружди Рустемовски од Пелистерски јунак од Битола

На градскиот плоштад во Куманово се одржа 5. по ред Меѓународен бокс турнир „Мирослав Петровиќ“ На турнирот ќе учествуваа над 120 боксери од Македонија, Србија, Словенија, Азербејџан, Палестина, Романија, Молдавија, Турција и Полска.

Ружди Рустемовски од Пелистерски јунак е прогласен за најдобар боксер на Меѓународниот турнир “Мирослав Петровиќ“ што се одржа на отворено, на плоштадот во Куманово.

За најдобар младинец е прогласен Јоаким Јовановски, а Арабел Рустемовски е најдобар јуниор, и двајцата од Пелистерски јунак. 

Индивидуално признание добија и неговите браќа Арабел Рустемовски, кој беше прогласен за најдобар јуниор, и Ален во сениори, додека наградата за најдобар младинец заврши во рацете на Јоаким Јовановски. Тренерот на Пелистер јунак од Битола, Јове Петровски по завршувањето на турнирот во Куманово ни рече:

-Редовно учествуваме на турникот во Куманово кој го носи името на македонската боксерск легенда Мирослав Петровиќ и редовно се враќаме во Битола со медали и признанија. па така беше и овој пат кога покрај индивидуалните награди нашиот клуб има чест во рингот да го има и најдобриот боксер на турнирот. Задоволен сум од постигнатите резултати и за нас нема одмор, продолжуваме со работа. Претходно во Скопје се одржа финалето на Државното поединечно првенство во бокс за кадети, јуниори, младинци и сениори, кое се одржа во салата на ОУ „Кочо Рацин“ во Петровец беа прикажани квалитени борби.

Пелистерски јунак од Битола на 31. државно првенсто настапи со 9 боксери: Алишан Рустемовски, Арабел Рустемовски, Илија Ѓоргиев, Лиридон Ештрефи, Бојан Мачковски, Синиша Талевски, Христијан Арсовски, Адријан Рустемовски и Ружди Рустемовски.

Златни медали освоија: Арабел Рустемовски, Илија Ѓоргиев, Бојан Мачковски, Синиша Талевски и Ружди Рустемовски.

More from СпортMore posts in Спорт »