Само 2 дена до after-work на кој парите, финтекот и вистинските одговори ќе се сретнат на исто место.
“Во што да вложиш кога животот ти е инфлација?“
Qworkingo – Coworking Space Bitola
11 јуни, 17:00 часот
Парите не остануваат долго ако не се вложат паметно. Прашањето не е дали ќе заминат – туку каде прво одат.
А, која е технологијата зад тоа вложување? Што е финтек и како P2P го трасира патот за финтек-индустријата во Македонија?
Ако барем едно од овие прашања ти е нерешена енигма, сврати на after-work што не зборува со spreadsheets, туку со вистина и хумор.
Теодор Тодоровски од P2P ќе објасни каде и како да инвестираш – ако не сакаш само да штедиш за лекови во староста.
А потоа?
Краток курс за инвестирање. Долг after-taste. Дегустација на одбрани вина и разговори што вредат.