Press "Enter" to skip to content

“Сумнал“ Битола со едукативна театарска претстава: „Избери живот, не зависност!

Во Центарот за култура – Битола се одржа премиерата на едукативна театарска претстава, создадена од млади луѓе од нашата заедница.Преку теми како што се:  игрите на среќа, пушењето и електронските цигари, алкохолизмот, употребата на дрога младите (на возраст од 13 до 18 години) од ромската и не-ромската заедница пренесоа моќни пораки за превенција, поддршка и избор на здрав начин на живот.Претставата предизвика силни емоции и поттикна важен дијалог меѓу присутните.Овој проект е финансиран од Националната агенција за европски програми и мобилност преку програмата Европски солидарен корпус на ЕУ, и е реализиран во соработка со Едукативен центар Едусфера. Едукативен Центар Едусфера.