КС Групација со гордост ја најавува својата 15-та по ред крводарителска акција, под мотото „Заедно даруваме живот!“, која ќе се одржи на 11 јуни 2025 година (среда), во просториите на нашата компанија во Битола.
Настанот е од отворен тип и е наменет за сите вработени, како и за хуманите граѓани од пошироката јавност кои сакаат да дадат свој придонес во оваа животно значајна мисија.
Би Ви биле благодарни доколку го споделите повикот на вашите канали, и со тоа помогнете да се прошири пораката за хуманост. Секако, Ве покануваме и Вас како медиум да ни се придружите и да го проследите настанот одблизу.
Доколку ви се потребни дополнителни информации, фотографии или изјави – стоиме на располагање.