Press "Enter" to skip to content

Зоран Стерјев на завршната церемонија: приоритет ќе биде Лигата на Шампиони и да оправдаме дека Битола е најракометен град (фотогалерија)

-На завршната церемонија зборуваше претседателот на Еурофарм Пелистер – Зоран Стерјев, градоначалникот на Битола – Тони Коњановски, тренерот-  Раул Алонсо, капитенот Филип Кузмановски, како и директорите на двата клуба Ѕвонко Шундовски и Горан Петровски.

Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер од Битола традиционално во ресторанот “Голд Фелиција“ ја одржа завршна церемонија за акционерите, спонзорите и пријателите на клубот, која ја “водеше“ во негов стил актерот Никола Пројчевски.Шампионот на Македонија на настан во Битола ги сумираше впечатоците, а зборуваше првиот човек на клубот Зоран Стерјев кој се заблагодари на присутните и рече:-Благодарам до сите вие кои сте тука со нас за да ја прославиме победата и титулата. Сакам да се заблагодарам на сите наши поддржувачи, спонзори, претставници на медиуми, преставниците на Општина Битола, градоначалник, заменик градоначалник и
секретарот. Ќе кажам дека сите овие 11 месеци сите ние доживеавме и споделувавме многу стресни моменти кои беа понекогаш тажни, нервозни, но и среќни. Посебно како оној на натпреварот во Скопје против Вардар кој беше стересен, но заврши среќно за сите нас, играчи, клуб, управа, навивачи, со победа над екипата на Вардар сред Скопје.-Пред точно 10 месеци ги кажавме нашите цели кои сакаме да ги постигнеме. Подобар пласман во првенството, подобар пласман во Лигата на Шампиони, во Купот, да заборавиме на она што ни се случи со Пелистер Еурофарм 2, но ветивме, и мислам дека работевме со
младите надежи и младинските екипи на Еурофарм Пелистер, рече Стерјев.Стерјев ги наброја и успесите кои се постигнаа, Еурофарм Пелистер ја освои титулата, првак во Супер лига и тоа трипати по ред. Еурофарм 2 се врати во Супер лигата и оваа екипа ќе се бори за најмалку плеј-оф во Супер лига.-Во Лига на шампиони освоивме 8 бода и од ЕХФ бевме прогласени за град на ракометот со најголем број гледачи.Претседателот Стерјев се осврна на младинските екипи за кој рече во клубот се задоволни од работата на младите категории и дека врвот на успехот е пласманот во финалето во Келн, каде ќе ги одмери силите со најквалитетните екипи од Европа.-Ова е сублимирано за сите екипи што постигнавме оваа година. За да се постигнат овие резултати треба посветеност, професионалност, но за сите нив е потребна и поддршка на спонзорите и поддржувачите. Тука ќе искажам голема благодарност до Општина
Битола за поддрката и целосна отворена соработка. Се надевам дека и други приватни субјекти ќе се заинтересираат за овие екипи и ќе придонесат за уште поголем просперитет на ракометот во Битола, со што ќе ја оправдаме и називот дека сме најракометен град. Приоритет понатаму ќе ни биде пласман во Лига на Шампиони и овој трофеј да остане во Битола уште неколку сезони. Себеси се сметам дека сум многи критичен и затоа ќе кажам дека не можам да кажам колку беше успешна сеззоната. Дали беше многу успешна или неуспешна. Но ќе кажам и заклучам дека сите дадовме се од себе. Бидејќи овој град заслужува да ги подигнеме стандардите за игра и пласман на повисоко ниво.Градоначалник на Битола, Тони Кољановски, на завршната церемонија рече:-Најпрво ќе пренесам порака од премиерот Христијан Мицковски кој испрати искрени честитки за победата на Еурофарм Пелистер, кој ни ја честита големата победа. Сакам да се заблагодарам со соработката со претседателот на управата. Пелистер треба да се заблагодари на Силјан Мицевски исто така и градот Битола за придонесот во ракометот.  Знаеме дека Битола е град на ракометот, а ние како Општина Битола се трудиме да помогнеме да се склопат коцките на мозаикот и да направи за градот успешно да функционираат три професионални тима кои се моментално и ја раскажуваат успешната приказнаа за спортот во Битола. Ви Благодарам од срце во име на граѓаните што среде Скопје го победивте Вардар и не израдувавате. Честитки и ја имате поддршката од сите нас.Тренерот на Еурофарм Пелистер, Раул Алонсо кој си освои симпатиите на сите битолчани на завршната церемонија рече:-Се надевам дека ќе ме разберете, се уште го учам македонскиот јазик, а англискиот не ми е доволно добар. Не очекував дека ќе зборувам вечерва, а зборував многу овие денови со моите играчи. А овие денови беа исто така напорни со тренинзи. После натпреварот и целата еуфорија не можев да спијам и повторно го гледав. Гледајќи сфатив дека го постигнавме невозможното. И морам да кажамдека постигнавме многу. Успеавме да ја надминеме разликата која во некои минути беше голема, да “заводиме“ и победиме. Затоа ќе кажам да упатиме само еден голем аплауз за сите играчи. Оваа група на млади момци и ги надминуваат границите. Многу сум горд и за победата и за титулата. Професионалниот спорт не е возможен без поддрката на сите овие луѓе и сакам да им заблагодарам на сите подржувачи, општина Битола и секако семејството Стерјеви. Ви благодарам за поддршката и поминатото време заедно.Филип Кузмановски по освојувањето на титулата на церемонијата како капитен и претставник на ракометарите рече:-Да се заблагодарам на спонзороте што имаме вакви играчи и да бидеме секоја година подобри. Оваа титула е значајна среде Скопје да земеме титула. Горд сум на сите мои соиграчи, со кои имавме турбулентна сезона со успони и падови. Но, на крај ова беше шлаг на тортата за да освоиме првенството на Македонија. Ова е вториот ден од големата победа над Вардар, но се уште славиме. Битола овие денови е обоена зелено-бела и Македонија исто така.Директорот на Еурофарм Пелистер, Ѕвонко Шундовски, во негов стил, скромно и без фолги говори се заблагодари на сите кои дадоа придонес за освојување на титулата, на ракометарите кои како рече, кои го дадоа својот макимум на последниот одлучувачки натпревар против екипата на Вардар кога и ја потврдија третата по ред титула која на сите им е посебно драга.Шундовски рече дека веќе имаат договорени ракометри кои ќе го засилат клубот, а се преговара и со други, но за тоа ќе информираат пред почетокот на подготовките за наредната сезона.Пелистерци со крајот на сениорската сезона се простија со пет имиња од тимот. По истекот на договорите битолскиот клуб го напуштаат: Урош Борзаш, Емилијан Ѓорговски, Ненад Костески, Мохамед Шабиб Мамдух и Павле Петровиќ.Шундовски во име на клубот им се заблагодари за досегашниот ангажман и им посака успех во иднина. Успешната сезона е заокружена и со кам-бекот на Еурофарм Пелистер 2 во Суперлигата како освојувач на Првата лига, а директорот на “двојката“ Горан Петровски рече дека никој не го напушта клубот по пласманот во Супер лигата, и дека очекува, како и нагласи претседателот Стерјев дека ќе се борат за пласман во плеј-офот на нашето најквалитетно ракометно друштво.Тренерот на “двојката“ Александар Зарков прво им ја честита титулата на првиот тим и пласманот во Супер лигата на неговиот тим и вети само многу работа и оправдување на очекувањата на раковството на клубот, а овие млади ракометари кои ги предводи имаат потенцијал за тоа.Сезоната за Еурофарм Пелистер како клуб завршува овој викенд, бидејќи младинците од Битола ќе играат на завршниот турнир во Лигата на шампионите во Дормаген и Келн.

Текст: Сашо Ристевски

Фото: Дамијана Ристевска

More from СпортMore posts in Спорт »