Нашата одлична сезона во сите категории обврзува да продолжиме со развојот и со екипирањето. Посебен акцент ставаме на младите категории и генерацијата која стигна до самите европски врвови. Младото лево крило Стефан Лазаревски се обврза на четиригодишен договор со нашиот клуб и следната сезона ќе биде дел од новиот суперлигаш Еурофарм Пелистер 2.
Лазаревски е дел од тимот на Фарук Мемиќ и Кире Митревски, кој е кадетски шампион, младински вицешампион на Македонија и се пласира на завршниот турнир на Лигата на шампионите во Келн.
Младото лево крило ќе му се стави на располагање на стручниот штаб на Еурофарм Пелистер 2 во третата недела од месец јули.