На 11.06.2025 во 13.40 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола ја лишиле од слобода 26 годишна жена од Битола.
Според пријавеното, околу 13.00 часот во семејниот дом, таа со остар предмет им нанела убодни рани на својата баба на возраст од 70 години и својот дедо на возраст од 78 години.
Тие биле пренесени во Клиничка болница Битола за укажување помош, а внуката била задржана во полициска станица, по што била спроиведена во здравствена установа за понатамошна постапка.
Известен е јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.